Вести Македонија Најважни

Ние сме жртвено јагне на израелските власти – порака на една од ослободените заложнички од Хамас

Им рековме нема политика, не сакаме да разговараме за политика, рече пред новинарите Јошевед Лифшиц, еден од двете жени кои ги ослободи Хамас од хуманитарни и медицински причини. Таа ги опиша милитантните како пријателски расположени. Хамас објави снимка на која се гледа како двајца маскирани мажи ги придружуваат Лифшиц и Нурит Купер, им даваат колачи и пијалок и со нив разговараат, пред да бидат предадени на тим на Црвениот крст. При предавање, Лифшиц се разделува со еден од нивните чувари со традиционалниот израелски поздрав Шалом. Нивните сопрузи, на возраст од  84, односно 83 години останаа во заложништво во Појасот Газа.

„Бевме пет и секој од нас имаше по некој кој нè чуваше. Добро се однесуваа со нас. Се грижеа за сите детали. Имаат жени кои знаат што значи женска хигиена, се погрижија да имаме се. Тоалетите беа чисти. Тие го чистеа, не ние. Тие беа многу љубезни. Ова мора да се каже. Нè одржуваа чисти, нè одржуваа нахранети. Ја имавме истата храна како и тие: Леб, пита со сирење, топено сирење и една краставица. Тоа беше оброк за цел ден“, изјави Лифшиц пред израелските новинари.

Заложничките беа изнесени од Газа, преку преминот Рафа во Египет, од каде беа преземени со амбулантни возила и превезени до болницата во Тел Авив. Главната медицинска сестра рече дека жените се хоспитализирани за прегледи и анализи, но дека се наоѓаат во добра здравствена состојба. Лифшиц пред новинарите истакна дека тие се жртвено јагне на израелските власти.

Ние бевме жртвено јагне на власта. Тие (Хамас) нè предупредија три недели пред да нè нападнат, кога на патот пристигна огромна толпа. Палеа полиња, испраќаа запаливи балони за да ги запалат нивите, а војската на некој начин тоа не го сфати премногу сериозно“, додаде Лифшиц.

Обединетите нации повторно апелираа за прекин на огнот за избегнување на цивилни жртви во Појасот Газа која се соочува со хуманитарна катастрофа. Два конвоја со основни производи викендот влегоа во енклавата преку преминот Рафа, а утрово, според информациите, влегле уште десетина камиони. Но, директорот на Агенцијата за палестински бегалци при ОН истакна дека се потребни стотици камиони, а тие што досега влегле во Појасот ги опипа како капка во морето.

Во моментов, наш најголем предизвик е снабдувањето со хуманитарна помош. Ефективно, остануваме без залихи на вода, храна, лекови. Ни снемува од основните добра што ни се потребни за да му служиме на населението. Значи, она што е навистина критично сега е одржлив гасовод со испораки од Египет до Газа. Тоа беа многу, многу тешки преговори кои траат долг период. Мојот апел е дека таа помош треба да тече. Да, доцна синоќа, го добивме вториот конвој од околу 14 камиони, покрај она што го донесовме со 34 камиони пред повеќе од два дена. Ни требаат стотици камиони да дојдат во Газа за да ги задоволиме потребите на населението овде“, порача Томас Вајт, директор на УНРВА при ОН во Газа.

Најмалку 140 лица загинаа во најновните израелски воздушни напади врз појасот Газа, објави Хамас. Според палестинската милитантна група, стотици луѓе се повредени, а десетици куќи се уништени во еден од најжестоките напади врз енклавата од почетокот на војната на 7 октомври. Оттогаш, како што објави Хамас, вкупниот број на убиени луѓе е над 5.000, меѓу кои и над 2.000 деца.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе