Вести Македонија Најважни

Опасен отпад во близина на Лепенец – до 600 тони отровно олово нелегално складирано на приватен имот

Затскриен само зад заклучената ограда на плацот и свежо натрупан на куп стои овој отпад. На само неколку метри е реката Лепенец. Токму на оваа локација крај патот кој води до село Орман застанал општинскиот инспектор од Ѓорче Петров кој во извештаите запишал „ОПАСЕН ОТПАД“.

Извештајот од инспекцискиот надзор сега е објавен и од страна на Државниот инспекторат за животна средина и таму пишува дека овој отпад е од горење на олово, одлагалиштето е нелeгално, а ризикот – висок.

На ден 10.10.2023 година, лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на територија на Општина Ѓорче Петров во количина од проценети околу 500 до 600 тони, се вели во извештајот на инспекторатот.

Во решението издадено од страна на општинскиот инспектор се дадени триесет дена за чистење на локацијата и отстранување на отровното олово од ова место.

Овластен инспектор од Општина Ѓорче Петров во редовна обиколка на терен ги утврдил прекршувањата на нормите. Во телефонски разговор со нас тој нѝ објасни дека главен проблем е тоа што во близина на местото има речно корито.

Во случајов, информациите се дека станува збор за физичко лице кое го складирало отпадот на приватен имот.

Дадени се рокови да се исчисти локацијата на којашто е детектиран таквиот тип на отпад чиешто одлагање е нелегално и незаконски. Морам да напоменам дека се работи за приватен имот, а местото од каде што се носи тој отпад не е на територија на Општина Ѓорче Петров, вели градоначалникот Александар Стојковски.

Oд Животна средина за Телма велат дека казните за физички лица кои чуваат опасен отпад во близина на речно корито се 250 евра, но треба кривично да одговара и плус да плати трошоци кои се високи за негово остранување.

Според Правилникот, лицето мора само да го острани, но за да го направи тоа треба да најде фирми кои имаат лиценци да вршат преземање на ваков опасен отпад и потоа тие фирми да го изнесат надвор оттука затоа што кај нас нема место соодветно за ваков опасен отпад. Истиот мора се извезува надвор.

Ако тој не го стори тоа, во тој случај според правилата општината го презема отпадот, наоѓа фирми за да го остранат, а потоа општината ќе му испорача фактура на лицето кое го донело отпадот да стои во недозволена средина.

Ако прекршокот го направи фирма, а не физичко лице казните се многу повисоки и надминуваат и 120 илјади евра. Но, од животна средина потенцираа дека станува збор за сериозно опасен отпад кој е штетен и опасен за здравјето на луѓето и целата околина.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе