Култура

Фестивалот РУТА завршува со „Отело“ посветена на воените ветерани со пост-трауматски синдром

Во Драмскиот театар вечерва завршува 16 издание на фестивалот на Регионалната унија на театри- РУТА. Во завршницата ќе биде изведена Шекспировата трагедија „Отело“, работена како копродукција меѓу хрватскиот театар Улисис и сараевскиот воен театар „САРТР“. Низ современиот прочит на украинската режисерка Оксана Дмитриева, претставата зборува за пост трауматскиот синдром на воените ветерани , како причина зошто маварскиот капетан Отело ја убива саканата Дездемона и се самоубива, изманипулиран од неговиот поручник Јаго. На денешната прес конференција , директорот на театарот Улисис, Душко Љуштина, упати порака до нашето министерство за култура за поголема финансиска поддршка на македонскиот театар.

„Народ кој не го потпомага својот театар или умрел, или наскоро ќе умре. Ова е порака до министерството за култура во Македонија. Имате прекрасни актери, прекрасни писатели, прекрасни уметници. Помогнете му на вашиот театар“, повика Душко Љуштина, директор на театарот Улисис.

„Тоа е рамката на претставата, која е меѓу касарна и лудница, можеби визуелно. Така што сите сме заразени со тој вирус . И мажите и жените. Сите се бориме со истиот проблем, со тоа што овдека еден другар од војната кај друг го буди пост трауматскиот синдром, преку љубомората“, вели актерот Ермин Браво, кој го толкува ликот на Отело.

„Оксана еднаш спомена една реченица за Јаго- Знам како е да се убива во војна, но сеуште не знам како е да се убива во мир. Од тоа ПТСП што го носи му е…Тој не знае да функционира во мир, го изгубил адреналинот што го имал во војната. Нему му е одземено нешто што тој мисли дека му припаѓа. Тоа е голема неправда за него. Затоа прави интриги и сè останато, за да го покрене адреналинот што го имал за време на војната“, кажа Албан Укај, актер од Воениот театар „Сартер“ , за својот лик Јаго.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МНТ со праизведба на „Хенгинг Араунд“, а Драмски театар со премиера на „Хеда Габлер“

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе