Култура

Интонацијата на гласот на Катина Иванова- одраз на нејзината актерска моќ

Суперлативи за Катина Иванова како голема актерка и човек, на денешната комеморација, по повод нејзината смрт на 72 годишна возраст, минатиот месец. На комеморацијата што ја организира матичната куќа на Иванова- Македонскиот народен театар, режисерката Зоја Бузалковска рече дека една од особеностите со кои Катина Иванова ќе остане врежана во нашата театарска меморија е интонацијата на гласот, која беше одраз на нејзината актерска моќ.

  • Една од тие неповторливи, незаменливи интонации, кои несомнено ќе останат реско врежани во меморијата на македонскиот театар, е и онаа на Катина Иванова. Зашто Катина Иванова имаше гласиште. И кога ќе застанеше на сцена, од тоа гласиште избликнуваше неверојатна, незадржлива актерска моќ, рече режисерката Зоја Бузалковска.
  • Ти, матица и кралица за сѐ. Способна и вешта , неуморна како пчела која зуи, создава и твори, без разлика дали тоа е на сцена, дали во твојот топол дом, кога доаѓавме и млади и стари, интелектуалци и уметници или бездомници на кои им требаше помош.Па, и незаштитени животни.Ти, секогаш имаше насмевка и топло срце за да ја згрееш сечија тага, истакна актерката и режисерка Ѕвездана Ангеловска.
  • Беше толку необична во својата натчовечка едноставност зашто чесно и до крај гласно го артикулираше тоа што го чувствува. Имаше всушност храброст да го каже сето она што повеќето од нас го чуваат себично за себе, рече режисерката Нина Николиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Спектаклот „Валкира“ од Вагнер за првпат пред македонската публика на 52-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе