Граѓаните се растрчаа да купат пелети по пониска цена, откако Владата најави дека ќе го зголеми ДДВ од 5 на 18 отсто. Од Здружението за производство и увоз, тврдат побарувачката е зголемена и не се сигурни дека секој што ќе нарача ќе добие. Ја разбираат ваквата реакција на граѓаните кои ги користат, затоа што ако порасне ДДВ-то, трошоците на овие домаќинства за да ја поминат грејната сезона значително ќе пораснат.
-Пелетите ќе поскапат од 2.000 до 2.500 денари по тон, едно домаќинство троши до 3 тона и едно домаќинство на ниво на сезона ќе се дадат само по основ на ДДВ ќе даде до 7.000 денари. Се работи за еколошко-гориво кое е прифатено од сите европски земји, другото греење е струјата, а знаеме дека ја произведуваме од јаглен и пелетата е еколошко гориво и како такво треба да биде стимулирано, а не да се одвраќаат граѓаните од таквиот начин на загревање, вели Владимир Стојановски од Здружението на производители и увозници на пелети
И од министертвото за животна средина не се согласуваат ДДВ да скокне на 18 отсто.
Не го поддржуваме зголемувањето на ДДВ-то за пелетите, но сепак Министерството за финансии и Министерството за економија се ресорни министерства што ги водат политиките во овој дел, велат од министерството.
ДДВ-то за пелетите и печките е дел од новата деночна регформа. Законите за даноците, со солидарниот се чека да стигнат во собранието, но ќе бидат со европско знаменце. Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека со амандман ќе бараат данокот за овие производи да не се зголеми.
-Видов една изјава во која вицепремеритот Битиќи ги повикува пратениците да поднесат барање, еве ние ќе го поднесеме овој амандам и го повикувам Битиќи да си остане на зборот и да го прифати овој амандман и да остане на ДДВ на 5%, а не да се зголеми на 18 %, како што предлага владата, вели Бојан Стојановски од ВМРО- ДПМНЕ.
Министерот Бесими пак минатата недела рече дека зголемувањето нема да биде голем товар и дека ДДВ- то од 5%, било времена мерка за да се остранат другите загадувачи.
-Тие ќе треба да се сменат со поповолни и од аспект на животна средина сметаме дека нема да биде голем товар а јасен сигнал за граѓаните дека ќе треба да се пренасочат од аскепт на животна средина по одржливо, изјави Фатмир Бесими, министер за финансии
Од здружението ќе бараат средби и со другите пратенички групи. За печките на пелети до лани државата делеше субвецнии, а во моментов некој општини се уште го прават тоа.
Ирена Чачкова
