Вести Економија Топ вести

Зголемена побарувачка на пелети, граѓаните брзаат да купат пред да скокне ДДВ-то на 18 отсто

Граѓаните се растрчаа да купат пелети по пониска цена, откако Владата најави дека ќе го зголеми ДДВ од 5  на 18 отсто. Од Здружението за производство и увоз, тврдат побарувачката е зголемена и не се сигурни дека секој што ќе нарача ќе добие. Ја разбираат ваквата  реакција на граѓаните кои ги користат, затоа што ако порасне ДДВ-то, трошоците на овие домаќинства за да ја поминат грејната сезона значително ќе пораснат.

 -Пелетите ќе поскапат од 2.000 до 2.500 денари по тон, едно домаќинство троши до 3 тона и едно домаќинство на ниво на сезона ќе се дадат само по основ на ДДВ ќе даде до 7.000 денари. Се работи за еколошко-гориво кое е прифатено од сите европски земји, другото греење  е струјата, а знаеме дека ја произведуваме од  јаглен и пелетата  е еколошко гориво и како такво треба да биде стимулирано, а не да се одвраќаат граѓаните од таквиот начин на загревање, вели Владимир Стојановски од Здружението на производители и увозници на пелети

И од министертвото  за животна средина не се согласуваат ДДВ да скокне на 18 отсто.

Не го поддржуваме зголемувањето на ДДВ-то за пелетите, но сепак Министерството за финансии и Министерството за економија се ресорни министерства што ги водат политиките во овој дел, велат од министерството.

ДДВ-то за пелетите и печките е дел од новата деночна регформа. Законите за даноците, со солидарниот се чека да стигнат во собранието, но ќе бидат со европско знаменце. Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека со амандман ќе бараат данокот за овие производи да не се зголеми.

-Видов една изјава во која вицепремеритот Битиќи ги повикува пратениците да поднесат барање, еве ние ќе го поднесеме овој амандам и го повикувам Битиќи да  си остане на зборот и да го прифати овој амандман и да остане на ДДВ на  5%,  а не да се зголеми на 18 %,  како што предлага владата, вели  Бојан Стојановски од ВМРО- ДПМНЕ.

Министерот Бесими пак минатата недела рече дека зголемувањето нема да биде голем товар и дека ДДВ- то  од 5%, било времена мерка за да се остранат другите загадувачи.

-Тие ќе треба да се сменат со поповолни и од аспект на животна средина сметаме дека нема да биде голем товар а јасен сигнал за граѓаните дека ќе треба да се пренасочат од аскепт на животна средина по одржливо, изјави  Фатмир Бесими, министер за финансии  

Од здружението ќе бараат средби и со другите пратенички групи. За печките на пелети до лани државата делеше субвецнии, а во моментов некој општини се уште го прават тоа.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе