Спорт Фудбал

Почетино со неочекувано барање за засилување на Челзи

Иако се уште не е промовиран во нов менаџер на Челзи, медиумите во Велика Британија пишуваат дека Аргентинецот интензивно е вклучен во плановите за летниот трансфер период.

Неофицијално Почетино до челниците на клубот има едно неочекувано барање за трансфер, а станува збор за фудбалерот на Наполи, Станислав Лоботка.

Словакот, кој е готово незаменлив во составот на Лучијано Спалети е далеку под радарот на големите клубови, но новиот менаџер на Челзи смета дека токму тој е идеално засилување за средниот ред на реконструираниот состав на екипата од Стемфорд бриџ.

Лоботка со Наполи има договор до 2027 година, но огромен проблем за реализација на желбата на Почетино е фактот дека висината на откупната клаузула изнесува 54 милиони евра.

Словакот во Неапол дојде пред три години од Селта, а претходно има настапувано за Нордјеланд, младиот тим на Ајакс, а кариерата ја почнува во Тренчин.

Наполи за неговиот трансфер во 2020 година на екипата од Виго и плати обештетување од 24 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе