Вести Македонија Топ вести

Ученик со нож во училиште им се заканувал на децата дека ќе ги убие, се жалат родители – директорката вели дека се е под контрола

Ученик од шесто одделение во основното училиште Браќа Миладиновци во скопската населба Аердором носел нож на часовите и им се заканувал на децата дека ќе ги убие. Родителите од одделението со писмо до медиумите известуваат за овој случај за кој велат дека секојдневно ескалира. Освен што се заканувал, давел дете до снемување воздух и истиот ден истепал три деца од одделение и едно во ходник.

  • Истото тоа дете нападна и наставник. Бојкотиравме и настава, свикавме и итна родителска средба во присуство на Директорката на училиштето, каде што ни вети некои санкции. Првата беше постојано присуство на часови од личност назначена од Директорот – тоа не се случи, зголемено надгледување од страна на дежурни наставници пред нивната училница зборот не беше одржан. Во меѓувреме се случија и други насилства. Истото дете постојано го ремети наставниот процес, се вели во писмото од загрижените родители.

Додаваат дека поднеле барање до дирекцијата на училиштето, Општина Аеродром и МОН, Центарот за социјала, за преместување на ученикот во друго училиште, бидеќи и покрај секојдневните разговори со стручните служби од училиштето, во времетраење од неколку години наназад, однесувањето на детето не се подобрува туку се влошува. Велат дека сите нивни реакции се сведени на преписки од една до друга институција. Директорката вчера им забранила влез во  училиштето на одредени родители.

Од образовните институции дознаваме дека за детето е обезбедена секоја потребна стручна помош и во училиштето но и надвор од него.

Директорката на училиштето вели дека се преземаат сите мерки.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пред почетокот на жетвата земјоделците бараат од 15 до 18 денари за килограм пченица

Дејан Дејан

Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на малцинствата, отворајќи го патот за преговори со ЕУ

Дејан Дејан

Бебе продадено за 500 евра, кривична за шест лица за трговија со дете

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе