Утринава се одиграа првите натпревари од плеј-ин турнирот во НБА-лигата по кои Лос Анџелес лејкерс и Атланта обезбедија место во плеј-офот.
Лејкерс го запечатија седмото место во Западната конференција со победата од 108-102 против Минесота по едно продолжение. Леброн Џејмс го водеше домашниот тим со 30 поени и 10 скока, Ентони Дејвис имаше 24 поени и 15 скока, а Денис Шредер постигна 21 поен. Кај Тимбервулфс, Карл Ентони Таунс имаше 24 поени со 11 скока, а Мајк Конли постигна еден помалку. Минесота продолжува да се бори за место во плејофот и го чека победникот од дуелот помеѓу Њу Орлеанс и Оклахома. Лејкерс во плеј-офот ќе играат со Мемфис.
На Истокот, Атланта го изненади Мајами на гостински паркет и славеше со 105-116. Тре Јанг имаше 25 поени, додека Клинт Капела имаше 21 скока кај Хоукс. Тајлер Хиро со 26 поени и Џими Батлер со 21 беа најдобри кај Хит. Атланта го освои седмото место и во плеј-офот ќе ги одмери силите со Бостон. Мајами има втора шанса за плеј-оф и го чека победникот од Чикаго и Торонто.
