Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години го забележа и вториот триумф во квалификациите за Европското првенство Б лига.
Овој пат нашите фудбалски надежи славеа со 3:0 во соочувањето со Гибралтар и в понеделник против селекцијата на Израел ќе се борат за првото место во групата.
Двоен стрелец за нашиот состав беше Билјана Панеска, а еднаш прецизна беше Веса Села.
Дуелот против Израел се игра в понеделник на терените на тренинг центарот Петар Милошевски и почнува во 13 часот.
ФОТО: Игор Паневски















