Вести Култура

Синдикати на вработени во културни институции протестираа пред Финансии за повисоки плати

Незадоволни од ниските плати кои не ја надминуваат просечната, синдикални организации на вработени во Министерството за култура, Управата за заштита на културно наследство и Агенцијата за филм протестираа пред Министерството за финансии. Недостоинствените плати на околу 200 вработени во овие институции се причините за протестот, рекоа од Синдикалната организација при Министерството за култура.

„Платите на скоро 70% од вработените во овие три институции се под просечната плата во РСМ. А, разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата е по 10.000 денари“, изјави Бранко Костовски, претседател на Синдикалната организација при Министерството за култура.

Костовски кажа дека, иако трите синдикални организации изготвиле Предлог – текст на Колективен договор со кој се предвидува коректно зголемување на платите, минатата година од Министерството за финансии добиле негативен одговор. А, по кратко време со Законот за буџети, Финансии си ги зголемија платите за 30 отсто.

„Државата не може за едни да биде мајка, а за други маќеа! Бараме од Министерството за финансии, од Владата и премиерот да не дозволат нерамноправен третман на вработените во државните органи“, додава Костовски.

Иако учесниците на протестот побараа да ги прими министерот за финансии, беа одбиени. А, од Министерството за финансии велат дека сега се работи на изнаоѓање одржливо, системско решение за плати, кое ќе се однесува на целиот јавен сектор. Но, од Синдикатот во Култура бараат додека да се дојде до тоа решение, висината на платите да се прецизира преку Колективен договор и прашуваат зошто Финасии за себе направија исклучок.

А, од Владата велат дека се работи на нов Општ колективен договор и дека во тек е расправа по Предлог-законот за систем на плати во јавниот сектор. Преку ваквиот начин ќе се уредат платите на администрацијата, вклучително и на вработените во културата, дополнуваат од Владата.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе