Вести Култура

Прогласување на лауреатите на Струшките вечери на поезијата и поетско читање по повод Светскиот ден на поезијата

НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот П.ЕН Центар, Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и  Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска во просториите на универзитетската библиотека заеднички ќе ја одбележат 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, како и Светскиот ден на поезијата – 21 Март.

Во рамки на програмата, ќе бидат прогласени добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година, добитникот на наградата „Мостови на Струга“ за 2023 година, истовремено со свеченото прогласување на лаураетите на СВП во седиштето на УНЕСКО во Париз, во рамки на програмата на меѓународниот симпозиум во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.

По прогласувањето на лауреатите на Струшките вечери на поезијата, ќе бидат прочитани поетските посланија по повод Светскиот ден на поезијата од претставници на Македонскиот ПЕН центар и Друштвото на писатели на Македонија, по кои следува поетско читање од поети-членови на Македонскиот П.Е.Н Центар и на Друштвото на писатели на Македонија.

Во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, кој се одбележува во текот на целата 2023 година, ќе бидат прочитани песни од Ацо Шопов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Бизнис Објектив – Развојот на земјоделството како предуслов за развој на прехранбената индустрија

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе