Спорт Фудбал

Челзи ќе го искористи Пулишиќ во понудата за Осимен

И покрај големите инвестиции во текот на последните два преодни рока, раководството на Челзи нема намера да сопре со вложувања во засилувања и во текот на летниот трансфер период.

Еден од приоритетите на сопственикот на клубот Тод Боел е ангажирањето на Виктор Осимен и веќе на Стемфорд бриџ се прави стратегија околу испраќањето на понуда до Наполи.

Првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис често пати потенцира дека Нигериецот не е на продажба, но доколку некој сака да го ангажира ќе мора да плати 100 милиони евра.

Очигледно дека Боели сепак не е расположен да ја плати бараната сума и се шпекулира дека тој се подготвува како дел од трансферот на Осимен да го понуди Кристијан Пулишиќ, кој одамна не е дел од плановите на менаџерот Грем Потер и летово ќе добие дозвола да ја смени средината.

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети ги почитува квалитетите на 24-годишниот Американец, но неговото евентуално ангажирање ќе биде голем товар за буџетот за плата бидејќи Пулишиќ неделно во Челзи инкасира сума од 150.000 фунти.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе