Вести Код Македонија Топ вести

КОД: Исповед за болката и трка за подолг живот- цистична фиброза и државна негрижа

Веќе неколку месеци, пациентите од цистична фиброза алармираат дека за нив има ефикасен нов лек Трикафта и дека државата не набавува од лекот Трикафта.

Спората реакција и државната негрижа со живот ја плати битолчанецот Благојче Илиевски кој почина минатата недела.

Во КОД вечерва исповед на неколку пациенти кои живеат со болките од цистилна фиброза и со надеж дека државата ќе застане на нивна страна.

Во КОД вечерва и разговор со пациентка од Србија која го примила лекот Трикафта и раскажува за животните промени кои ги овозможила оваа современа терапија.

„Не смееме на пациент кој умира да му кажеме, ти фали документче едно, ај врати се кога ќе го најдеш“- вели 31-годишната заболена од цистична фиброза Ана Костадиновиќ во КОД кој ќе се емитува вечерва во 19.15, по вестите на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мемов: Критиките во ревизорскиот извештај за ПИОМ се за претходното раководство, а зголемените обврски кон пензиските друштва и ФЗО се поради покачените пензии

Дејан Дејан

Финансова со кривични пријави за измама тешка над 50 милиони денари со ИПАРД средства

Дејан Дејан

Уапсен е потпалувачот на пожарот во Горно Оризари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе