Спорт Фудбал

Манчестер Сити го нуди Кансело во замена за Леао

Манчестер Сити е заинтересиран за ангажирање на напаѓачот на Милан, Рафаел Леао и веќе интензивно преговара околу реализацијата на неговиот трансфер на Островот.

Младиот репрезентативец на Португалија со Милан има договор до 2024 година и веќе неколку пати одби да ја продолжи соработката што се толкува како обид во текот на летото тој да добие дозвола да ја смени средината.

Неколку клуба се во трката за негово ангажирање, но  најконкретен во моментов е Манчестер Сити кој како дел од трансферот го нуди неговиот сонародник Жоао Кансело.

Милан се уште нема одговор на оваа понуда, но јасно е дека во договорот со Леао откупната клаузула за предвремен раскин изнесува 120 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе