Манчестер Сити е заинтересиран за ангажирање на напаѓачот на Милан, Рафаел Леао и веќе интензивно преговара околу реализацијата на неговиот трансфер на Островот.
Младиот репрезентативец на Португалија со Милан има договор до 2024 година и веќе неколку пати одби да ја продолжи соработката што се толкува како обид во текот на летото тој да добие дозвола да ја смени средината.
Неколку клуба се во трката за негово ангажирање, но најконкретен во моментов е Манчестер Сити кој како дел од трансферот го нуди неговиот сонародник Жоао Кансело.
Милан се уште нема одговор на оваа понуда, но јасно е дека во договорот со Леао откупната клаузула за предвремен раскин изнесува 120 милиони евра.
ФОТО: Игор Паневски
