Вести Најважни Свет

Уапсен еден осомничен за нападот во Истанбул

Турската полиција уапси жена осомничена дека ја поставила бомбата што експлодира на прометната пешачка улица во Истанбул, изјави утринава турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Тој рече дека првите наоди од истрагата укажуваат дека за смртоносниот напад се одговорни курдските екстремисти.

Во вчерашната експлозија на авенијата Истиклал, популарна туристичка дестинација со продавници и ресторани во близина на познатиот плоштад Таксим во Истанбул, загинаа шест лица, а повеќе десетици беа повредени.

Набргу по детонацијата, полицијата уапси едно лице за кое се верува дека ја поставило експлозивната направа, потврди министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесе агенцијата Анадолија.

Иако не го откри идентитетот на осомниченото лице, Сојлу рече дека во врска со експлозијата се приведени уште 21 лице и потврди дека првите наоди од истрагата упатуваат на ПКК и нејзиниот огранок во Сирија ПИД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Британија го зголемува военото присуство во Естонија

Tea Dimkovska

Хутите подготвени да го затворат теснецот Баб ел-Мандеб доколку САД нападне иранска енергетска инфраструктура

Tea Dimkovska

Протести во Киев по смената на министерот за одбрана

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе