Вести Македонија

Енергетскиот систем пред колапс – клинички пред исклучување?

Долг од седум милиони евра може да го остави клинички без струја. Телма дознава дека скопските клиники три години не ги плаќале сметките, ниту пак доставиле гаранција, која би ги спасила од исклучување.

Од  ЕВН за Телма потврдија дека клинички е еден од поголемите должници. Водени од правилникот на РКЕ, побарале банкарска гаранција, но не ја добиле.

„ЕВН побара банкарска гаранција од клинички центар, но ја немаме добиено. Доколку не ја достават за период од еден месец, може да биде исклучен клинички, согласно правилникот за снабдување“ – соопштија од ЕВН.

И покрај тоа што станува збор за здравствени објекти од круцијално значење, правилникот на РКЕ е јасен – ако фактурите не се плаќаат, а нема гаранција, и болниците можат да останат без струја.

Енергетската криза ќе удри и врз грбот на пациентите.

Членот 1 од правилникот кој ги штити објектите од исклучување за да не се доведе во опасност здравјето и животот на граѓаните, им дава екстра шансa за реакција, но во случајот со клинички не е искористена.

„Снабдувачот може да побара од соодветниот оператор да ја прекине испораката на електрична енергија поради неплаќање на фактурите за тие објекти, доколку потрошувачот, односно неговиот основач во рок не подолг од 45 дена од денот на настанување на обврската за плаќање на фактурата не обезбеди една од гаранциите, или доколку не склучи договор за снабдување“ – соопштија од РКЕ.

Освен клинички, на ЕВН и должат и други државни институции, вкупниот долг достигнал 40 милиони евра и станува сериозна закана за енергетскиоот сектор. Според информации на Телма за ова се известени и Владата и Министерството за финансии.

Весна Јовановска Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паметни камери во справување со пожари

Дејан Дејан

Партиите повторно не успеаја да се договорот за Изборниот законик

Дејан Дејан

При претрес на стан во Скопје пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, ЛСД и други видови дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе