Вести Најважни Свет

Републиканците пред освојување мнозинство во Претставничкиот дом, трката за Сенатот засега во полза на Демократите

Со затворањето на гласачките места во Алјаска, заврши долгата изборна ноќ во САД, во која избирачите од 50 сојузни држави и шест временски зони го дадоа својот глас на изборите за Претставничкиот дом и Сенатот.

Победата на Републиканците во Конгресот е речиси извесна, додека трката за Сенатот продолжува, но се чини дека Демократите ќе ја задржат контролата, откако демократот Џон Фетерман победи во Пенсилванија, во една од трите тесни трки за Сенатот.

Според последните проекции демократите засега освојуваат 173 места, додека републиканците 194 места во Претставничкиот дом од 435 места. За контрола над Долниот дом на Конгресот неопходни се 218 пратенички места.

Досега мнозинство во Претставничкиот дом имаа Демократите, кои имаа 222 претставници наспроти 213 републиканци. Сепак, дури и во пресрет на изборите, анкетите укажуваа на безмалку сигурен пораз на демократите во борбата за Долниот дом.

Што се однесува на Сенатот, таму трката сѐ уште е неизвесна, но најверојатно деморкатите ќе го задржат мнозинството, по победата на Фетерман во Пенсилванија која им ја врати надежта. Според Би-Би-Си засега демократите имаат 48, а републиканците 47 места.

Клучната битка продолжува да се води во Џорџија помеѓу демократот Рафаел Ворнок и поранешната ѕвезда на американскиот фудбал, републиканецот Хершел Вокер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе