Вести Македонија Најважни

160 обвинители утре го бираат новиот шеф на обвинителството за организиран криминал и корупција

160 обвинители на 5 гласачки места утре ќе пресудат кој од 4-цата кандидати ќе ја менаџира борбата со организираниот криминал и корупција.

Гласачките ливчиња и списоците се доставени а гласањето утре ќе трае од 8 до 16 часот по што записниците патуваат до советот на јавни обивнители каде ќе се сумираат резултатите јавно со медиумско присуство, објаснува претседателот на ова тело Антонио Јолевски во пресрет на првите непосредни избори за шеф на ова обвинителсто.

До сега никој не се пожалил на притисоци, влијанија или други неправилности.

Во законот не е предвиден цензус колку гласови треба да освои еден кандидат за да избран. Сепак Јолевски очекува дека ќе има одзив мегу колегите и покрај тоа што дел од нив ќе треба да патуваат за да гласаат, бидејки се гласа во 4-те виши обвинителства во Скопје, Гостивар, Битола и Штип и во републичкото.

Пензионираниот обвинител и поранешен претседател на советот на јавните обвинители Костадин Кизов смета дека најдобро е кога самите обвинители ќе го изберат шефот на обвинителството и се согласува дека овој модел треба да се преслика и за избор на републичкиот обвинител кој и со новиот закон остана да се бира во Собранието.

Во оваа прва ваква трка влегоа досегашната шефица Вилма Рускоска, скопскиот обвинител Ермонд Незири, гостиварската виша обвинителка Деса Пауновска и нејзиниот шеф Ислам Абази.

Освен Абази останатите тројца за Телма во петокот ги објаснија своите приоритети.

Продолжување на неселективна борба со организираниот криминал, подобрување на условите на обвинителите за да можат поефикасно да истражуваат и обвинуваат и зајакнување на истражниот центар и финансиските истражувања, се дел од ветувањата на Русковска, Пауновска и Незири.

Кој и да биде избран ќе се соочи со недоекипирано обвинителство.

Последниот избор на 4-ца обвинители пропадна. Од Советот на јавни обвинители допрва ќе распишуваат нов оглас.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сергеј Корецки е нов премиер на Украина

Kristina Kuzmanovski

Пропаднатиот пат кај Тефериќ се префрла во надлежност на Министерството за транспорт – општина Кисела Вода и Град Скопје немаат можности и капацитети да го санираат

Дејан Дејан

Украинците протестираат заради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе