Шведска и Финска ги исполнија барањата на Турција во однос на приемот во Алијансата и време е да ги поздравиме, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за време на својата посета во Турција.
Според него во вакви опасни времиња важно е да се заокружи нивното членство, за да се спречи какво било недоразбирање или погрешна проценка во Москва.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу од своја страна пак вели дека има значителен напредок и кај двете земји но додава дека се уште не се исполнети сите точки од заедничкиот меморандум.
