Вести Македонија Најважни

Струјата од ТЕ-ТО оди на слободен пазар, индустријата нема да добие цена пониска од берзанската

Дел од фирмите остануваат да плаќаат берзантска цена за мегават час струја. Електричната енергија која „ТЕ- ТО“  ќе ја произведе ќе ја пласира на отворен пазар од каде што домашната индустрија ќе може да ја купи.

Денеска цената на мегават час, според берзата „ХУПЕКС“ е 130 евра но веќе утре таа ќе изнесува 204 евра а во пиковите дури двојно 258 евра за мегават час.

Како ќе се движи во наредниот период засега е тешко да се предвиди. Според премеирот Ковачевски  електричната енергија на слободниот пазар е поефтина од минатите неколку месеци и е со достапна цена.

Барањата на бизнис секторот и Коморите струјата од „ТЕ – ТО“ да биде намента за нив и со цена пониска од берзантската засега извисија.

Доколку Владата продолжува да носи ад-хок мерки, економијата и бизнисот нема да се помага. Овој начин на одлучување на Владата ќе креира неизвесна ситуација кај бизнисите, бидејќи не им дозволуваат да ги испорачат инвестициските планови. Наше барање е, енергијата која ќе се произведе од „ТЕ-ТО“, да биде алоцирана за индустријата како голем потрошувач и цената во следниот период  да не биде одредена според цените на слободниот пазар, туку да биде на ниво кое ќе биде финансиски прифатливо за компаниите, во спротивно, допрва ќе ја почуствуваме кризата, соопштија од Стопанска комора на северозападна Македонија

Вчера Владата односно ЕСМ набави  гас за потребите на топланите Исток и Запад  за наредните 15 дена додека за КОГЕЛ до крајот на месец ноември.

Од државните електрани уверуваат дека набавката на краток рок во овие услови е подбра опција бидејќи цената на гасот на берзата е во пад.

Како дел од антикризните мерки Владата донесе одлука со која поефтина струја по цена од 80 евра обезбеди за компаниите призводители на основните прехрамбени продукти ќе одат под капата на ЕСМ продажба.

Станува збор за околу 200 компании кои произведуваат млеко и млечни производи, пекарско мелничката индустрија,комапниите кои  се бават со производство на масло и масти и месната индустрија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе