Вести Македонија Најважни

Одобрено е обвинението против Мухамед Зеќири

Одобрено е обвинението против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири, соопшти Основниот кривичен суд.

– Советот за оценка на обвинителан акт постапувајќи по поднесеното обвинение на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со КО. Бр. 59/22 против М.З., кој се товари за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.5 вв. со ст.3 в.в со ст.1 в.в со чл. 45 од КЗ, а поврзано со соопштението на надлежниот обвинител објавено на 04.10.2022 година: https://jorm.gov.mk/obvinitelen-akt-protiv-visok-vladin-funkczioner-za-zloupotreba-na-sluzhbena-polozhba-i-ovlastuvane/ ценејќи ги сите факти и докази во обвинението, донесе решение за оценка со кое ги одби доставените приговори, а актот го прифати во целост, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд.

Согласно оценетиот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со КОК бр. 193/22 и тој е распределен со АКМИС – системот на понатамошно постапување кај судечки совет. Терминот за судење ќе биде достапен на календарот за судење на веб страната на судот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе