Вести Македонија Најважни

Изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024, сега фокусот е економската криза, вели премиерот Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање да ја искоментира изјавата на лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов дека е за предвремени избори во април или мај догодина, повтори дека изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024 и дека приоритет треба да се даде на справување со економската и енергетската криза.

  • Повеќепати имам кажано дека изборите ќе бидат во редовниот термин во 2024 година. Во овој момент државата е исправена пред огромна економска и енергетска криза, меѓутоа пред нас е и процесот на скрининг со ЕУ така што сите ресурси на државата и сите капацитети, во Собранието, во Владата, меѓутоа и надвор од нив, академијата, невладините организации, сите треба да бидеме фокусирани и да ја насочиме енергијата кон што побрзо завршување на скрининг фазата и кон што подобро справување со енергетската и економската криза во интерес на граѓаните. Така што во овој момент избори не се приоритет, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски денеска престојуваше во посета на Општина Делчево, при што заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се обратија на настанот по повод почетокот на изградба на пречистителна станица во Делчево. Ковачевски ќе ја посети и фабриката за преработка на дрво Алпин.ком, по што ќе направи увид на проектот за реконструкција на водоводната мрежа во населбата Ново Делчево.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе