Вести Македонија Најважни

По бурните реакции во јавноста, бугарската фондација ги избриша фотографиите од раководството на техничкото училиште во Битола

Фондацијата „Бугарска меморија“ од својата веб страница ја избиша фотографијата на која е директорката на битолското Техничко училиште Жанета Сервини и нејзиниот заменик Љупчо Здравковски. Го нема и делот од текстот каде пишуваше дека заедно со учениците од Макеоднија, истомисленици на културниот клуб „Ванчо Михајлов“, пристигна и раководството на Техничкото училиште во Битола. Најпрво фондацијата ги вметна во текстот во кој се етикетираат учениците, па по бурните рекции во македонската јавност, избришаа дел од нивната вест и обајвија друга со осуда за неправедното обвинување на директорите во јавноста.

Г-ѓа Сервини и г-дин Здравковски беа во Бугарија на покана на приватно училиште „Цар Симеон Велики“ за планирање на заеднички проекти според Еразмус програмата. Нагласуваме дека двете не се дел од бугарското здружение „Иван Михаилов“ во Битола. Чиста случајност е што нивната посета се совпадна со посетата на македонски ученици на покана на Милен Врабевски и бугарската фондација, пишува на интерент страница на фондацијата „Бугарска Меморија“.

Претходно, денеска директорката Сервини се огласи со демант дека во Бугарија не патуваше со ученици од Техничкото училиште, туку само со нејзиниот заменик, а целта на патувањето била Еразмус соработка со бугараско училиште.

Категорично ги отфрламе дезинформациите за присуство на ученици од Техничкото училиште од Битола во Бугарија.  Во Софија бевме отидени јас и заменикот директор Здравковски Љупчо за да воспоставиме Еразмус + соработка со училишта во Софија, како што впрочем е и практиката на сите други училишта“, пишува во демантот на Жанета Сервини, директор на СОУ Ѓорѓи Наумов.

Сепак и по испратениот демант денеска останаа неодговорени прашањата: кој го организирал патувањето, дали таа и заменикот се сретнале со Врабевски, како фотографии од раководството на Техничкото училиште во Битола се најадоа на страницата на фондацијата и кои сe учениците од Македонија етикетирани како истомисленици на клубот „Ванчо Михајлов“.

Од  раководството на Еразмус програмата велат дека уште утре ќе направат проверка дали Средното Техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола е добитник на грант од Еразмус програмата, дали директорката била на мобилност во Бугарија, и дали има некаква поврзаност и партнерство со фондацијата „Бугарска Меморија“.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе