Дербито на стадионот на Железарница му припадна на Вардар кој ја совлада Воска со 2:1. Иако нивните миленици се во Втората лига, најверните навивачи на Вардар, Комитите попладнево дојдоа во голем број да ги поддржат фудбалерите во соочувањето со директниот конкурент за првата позиција.
Атмосферата одлична, а избраниците на тренерот Бобан Грнчаров возвратија со победа и враќање на Вардар на лидерската позиција на табелата.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.







