Европа во моментов има толку многу природен гас што не знае што да прави со него, па цената неделава накратко влезе во негативна, објави CNN.
Со месеци, европските претставници предупредуваат на енергетска криза во текот на претстојната зима, бидејќи Русија, некогаш најголемиот снабдувач на природен гас во регионот, го намали снабдувањето како одмазда за санкциите воведени од Европа поради руската инвазија на Украина, известуваат медиумите.
Сега складиштата за гас во ЕУ се речиси полни, па танкери кои превезуваат течен природен гас, стојат во пристаништата бидејќи немаат каде да го растовараат товарот, а цените паѓаат.
