Вести Македонија Најважни

Се избираат јавни обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Советот на јавните обвинители денеска ќе ја одржи 67-та седница на која, како што е најавено, ќе треба да гласа за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје.

Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, рече дека ќе се гласа за избор на четворица јавни обвинители, по огласот кој е објавен во април годинава.

На дневен ред на оваа седница, меѓу другото, е и донесување одлука за формирање Комисија за спроведување на гласањето за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК-Скопје.

Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО-ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде во согласност со член 66 основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Северна Македонија.

На огласот за избор се пријавени петмина кандидати, а гласањето ќе биде на 7 ноември.

Советот на ЈО во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.

Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14 ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов.

Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе