Вести Магазин Наука и здравје

ФОТО: Како Месечината го покри Сонцето, делумно затемнување од 35% на ѕвездата видено од Дубаи

Затемнувањето на Сонцето е астрономска појава којашто се случува кога Месечината при своето движење ќе се најде меѓу Земјата и Сонцето и делумно или целосно го покрива сончевиот диск. Во минатото луѓето честопати се плашеле од овој феномен.

Но денеска откако научно е разјаснета оваа астрономска појава, луѓето се обидуваат да го видат и да посведочат на настанот. Иако делумно покриено, сепак сончевата светлост не допушта директно гледање во Сонцето туку мора да се гледа со специјална опрема

Така беше и во Дубаи (Обединети Арапски Емирати), каде делумното затемнување на Сонцето беше видливо за многу жители и туристи. Благодарение на специјалните очила, многу луѓе можеа да набљудуваат како Месечината покрива 35% од Сонцето. Настанот беше организиран во астрономскиот центар Ал Тураја.

Денешното затемнување на Сонцето, во Македонија беше видливо од 11:27 часот претпладне, додека  максимумот го достигна во 12 часот и 34 минути, а феноменот заврши во 13:42 минути.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на загинати во Венецуела е над 3.300 луѓе – ажуриран извештај за жртвите во разорните земјотреси

Sasko Dimovski

Гази Баба: 24-годишно момче пронајдено починато

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Загинаа 11 луѓе, 46 повредени во голем руски напад врз Киев – Русија соборила 519 украински дронови

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе