Вести Најважни Свет

Борис Џонсон се повлекува од трката за премиер на Велика Британија

Се повлекува од трката за премиер поранешниот британски премиер Борис Џонсон со што останува отворен пат на Риши Сунак.

Во изминатите неколку дена, за жал, дојдов до заклучок дека едноставно не би било правилно. Не можете ефективно да владеете ако немате обединета партија во Парламентот“, рече Џонсон. Тој собра 100 потписи за поддршка од пратениците на владејачката Конзервативна партија, доволно за продолжување на изборната трка.

Сунак (42) кој беше министер за финансии вчера потврди дека учествува во трката за премиер откако ја доби поддршката од 124 пратеници од Конзервативната партија.

Во Велика Британија премиер станува лидерот на владејачката партија.

Изборот на нов премиер е по оставката на Лиз Трас, која на таа функција беше нешто повеќе од еден месец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе