(локација на бегството и апсењето)
МВР соопшти дека 30-годишен жител на Студеничани е уапсен поради транспорт на марихуана со мотор.
Осомничениот на булевар Јане Сандански бил сопиран од полицајците, но не застанал и успеал да стаса до кејот на Вардар каде торбата со марихуана ја фрлил во реката.
Го оставил моторот и продолжил да бега, но полицајците успеале да го стигнат и приведат, а торбата била пронајдена и извлечена од Вардар
Целото соопштение на МВР:
На 20.10.2022 во 11.35 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(30) од с.Студеничани, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена торба со марихуана. Имено, претходно тој со мотоцикл не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, продолжил со движење и по кратко време го оставил мотоциклот и ја фрлил торбата во реката Вардар, по што продолжил да бега. Набргу бил фатен и приведен, а торбата била пронајдена. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.