Вести Македонија Најважни

Русковска: Се кандидирав повторно за шефица на обвинителството во организиран криминал

Обвинителката и екс-шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска изјави дека иако е осомничена, таа вчера повторно се кандидирала за истата функција.

Таа денеска даваше исказ во Обвинителството по пријавата на поранешниот директор на Финансиската полиција Арафат Муареми, и на новинарите им кажа дека повторно би направила претрес во финансова полиција, а денешниот распит го смета за притисок, со оглед на тоа што е осомничена и против неа има кривична пријава.

Додаде и дека порано била предмет на закани но дека не пријавила сметајќи дека немало потреба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе