Денеска од страна на службени лица во МВР приведен е Ј.И. вработен во ЈСП, откако тој претходно од сопстрвен маил пријавил за лажна дојава за бомба. Вработените ги информирал дека ќе се раснесе во некој од автобусите кои излегле да сообраќаат на утринските рути.
Пријавата ја успратил утринава околу 5 часот на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите.
Се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
