Вести Македонија Најважни

Блокадите на закони и изолацијата на државата е современ чин на предавство на својот народ, оцени премиерот Ковачевски на празничното обраќање

Денес да се биде на вистинската страна, рече премиерот Ковачевски на централната прослава на Денот на востанието, значи европски интеграции, примена на европските вредности, постигнување на европскиот животен стандард, придонес во европскиот мир.

– Блокадите на закони и мерки дома, на напредокот на меѓународен план, изолацијата на државата – се погрешна страна! И со ништо не може да се оправда ваквото однесување, бидејќи е современ чин на предавство на својот народ и својата држава, наведе Ковачевски во празничниот говор.

Додаде дека низ нашата историја биле донесени тешки одлуки кои барале различни жртви. Во Втората светска војна, како што посочи, тоа биле човечките жртви, а денес кога го имаме дијалогот како средство за помирувачки решенија, никој, според Ковачевски, нема право да ги погази делата на борците, нивната жртва и верба дека еден ден новите генерации ќе живеат во напредна земја членка на ЕУ.

– Нема лесен пат до вредна цел. Историјата бележи дека за остварувањето на секој идеал е потребна цврста одлучност, напор и верба, порача премиерот на централната прослава по повод Денот на народното востание.

И покрај осудите за блокирање на собраниската процедура и на евро-интеграциите, премиерот Димитар Ковачевски денеска од централната прослава по повод 11 Октомври повика на обединување на сите политички и општествени чинители во остварувањето на стратешката цел – полноправно членство во Европската унија.

– Секоја генерација е исправена пред свои предизвици, коишто бараат избор. И никој нема право да го избегнува изборот на која страна ќе застане – кон напред, или во стагнација, во регрес со непредвидливи последици по иднината. Партизаните, со почит кон минатото, избрале да гледаат кон иднината на својата земја, дури и кога тоа значело на неа да се положи сопствениот живот. Денес, да се почитува минатото и да се гледа кон иднината, значи да се продолжи по стапките на борците од Народноослободителната борба, од чијшто виор е макотрпно изнедрена нашата држава и да се овозможи повторно нејзиниот натамошен напредок, истакна Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје – нестабилно и во Полог и во Овче Поле

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе