Спорт Фудбал

Милевски: Одлична можност да се види потенцијалот на играчите од домашното првенство

Со контролниот натпревар против Саудиска Арабија што ќе се одигра на 22 октомври, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ги почнува подготовките за настап во квалификациите за Европското првенство.

Со оглед на фактот дека овој дуел е надвор од термините на ФИФА за контролни средби тој овој дуел ќе го искористи за да ја провери формата и можностите на фудбалерите кои настапуваат во домашниот шампионат и за нив ова е шанса да се наметнат за место во националниот тим

“Ни претстои силен контролен натпревар против Саудиска Арабија, репрезентација која е во фаза на последни подготовки за Светското првенство. Ова ќе биде одлична можност за повиканите фудбалери на терен да се соочат со квалитетен противник, а ние како стручен штаб, реално да го видиме потенцијалот и квалитетот на фудбалерите кои сметаме дека се во најдобра форма во моментот во нашата лига.

Нашата намера беше да ги повикаме и Мартин Мирчевски (ТСЦ, Србија), Марко Симоновски (Дрита, Косово), Сефер Емини (Сондерјиске, Данска), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка) и голманот Беким Реџепи (Партизани Тирана, Албанија), но дел од нив не добија дозвола од своите клубови бидејќи натпреварот ќе се одигра надвор од ФИФА термин за пријателски мечеви, а некои се рехабилитираат од повреда. Со нас ќе биде Дарко Велковски на кого му требаат натпревари за да влезе во права натпреварувачка форма, а шанса ќе добијат и Мартин Стојанов и Кристијан Тошевски. Се надеваме дека сите повикани фудбалери ќе одиграат максимално сериозно и ќе остават позитивен впечаток”, изјави Милевски

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Белгија со порака до САД по победата: Поништете го сега ова!

Kristina Kuzmanovski

Погачар ја освои третата етапа и го презеде врвот на Тур де Франс 

Sportska Redakcija

Скандал на Мундијалот: Трамп интервенирал, Балогун ќе игра против Белгија

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе