Балкан Вести Свет

Докторка претрпела „професионално согорување“ во болницата каде работела, судот ѝ додели отштета 20.000 евра

20.000 евра ќе добие докторка која ја тужела болницата каде работела поради исцрпеност предизвикана од прекумерната работа, објави „Екатимерини“.

Елени Јоаниду, која работела на островот Крит како специјалистка по интерна медицина  во болницата во Ретимно, поднела оставка во јануари 2023 година, откако повеќепати предупредувала на недостигот од кадар, напорните работни распореди и прекумерниот обем на работа.

Таа ја тужела болницата, барајќи надомест за 180 дена неискористен одмор и за нематеријалната штета предизвикана од прекумерната работа.

Откако претходно добила надомест за неискористениот одмор, на 26 јуни, Управниот суд во Ханија ѝ досудил и отштета.

Судот утврдил дека условите за работа ѝ го нарушиле физичкото и менталното здравје поради постојаната исцрпеност.

Ова е прва ваква судска одлука во Грција со која е досудена отштета за т.н. професионално согорување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Пожари во Франција: Десетици илјади луѓе се евакуирани

Kristina Kuzmanovski

Средба Трамп – Зеленски во вторник во Вашингтон

Kristina Kuzmanovski

(Видео/Фото)Шумски пожари во Шпанија: Прогласена национална вонредна состојба

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе