Вести Македонија Топ вести

Владата донесе одлука за отворање на Амбасада во Литванија

На предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Владата донесе одлука за отворање на Амбасада на Република Северна Македонија во Република Литванија, со седиште во Вилнус.

„Амбасадата во Вилнус ќе има и поширока регионална улога, претставувајќи централна точка за покривање на останатите балтички држави во политичката, економската, културната, конзуларната и во другите сфери од заеднички интерес“, соопштуваат од МНР.

Република Литванија е меѓу најактивните членки на Европската Унија и НАТО во доменот на безбедносните политики и политиката на проширување на Унијата, како и држава која континуирано го поддржува процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија.

Партнерските односи меѓу двете земји се потврдуваат и преку одлуката на литванската страна, во ноември 2023 година, да отвори Канцеларија во Скопјe. Со оваа одлука, Амбасадата на Република Северна Македонија во Варшава престанува да биде надлежно дипломатско-конзуларно претставништво за Република Литванија на нерезидентна основа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик доби дополнителен грејс период да биде донесен

Tea Dimkovska

Пожари беснеат во Штип и Пробиштип – се гасне и од земја и од воздух

Tea Dimkovska

ДУИ: Назначувањето на Стоиљковиќ е закана за Охридскиот рамковен договор

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе