Вести Свет

Нетанјаху: Израел контролира 60 проценти од појасот Газа

Израелските сили во моментов контролираат 60 проценти од појасот Газа, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Ова е прва официјална потврда за проширувањето на зоната контролирана од Израел во крајбрежната палестинска територија, опустошена од двегодишната војна меѓу Израел и радикалната палестинска група Хамас.

„Во изминатите две години му ја покажавме на целиот свет силата што ја поседуваат нашиот народ, нашата држава, нашата армија, нашето историско наследство“, рече Нетанјаху по повод Денот на Ерусалим, а изјавата денеска беше објавена од неговата канцеларија за медиуми.

„Ги вративме дома сите наши заложници, до последниот. Не отстапивме ниту педа земја. Некои ни велеа да се повлечеме, но ние не се повлековме и денес контролираме 60 проценти од територијата на појасот Газа. Во иднина ќе видиме“, додаде тој.

Овие изјави доаѓаат во време кога во Газа има секојдневни судири. Израелските напади во појасот удари продолжуваат без прекин, при што Израел и исламистичкото движење Хамас меѓусебно се обвинуваат за кршење на прекинот на огнот.

Прекинот на огнот стапи во сила на 10 октомври минатата година, две години по почетокот на војната која почна на 7 октомври 2023 година со терористичкиот напад на Хамас врз Израел. Првата фаза од примирјето вклучуваше ослободување на последните заложници во Газа, киднапирани од Хамас, во замена за Палестинци кои се држат во затвори во Израел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Шанса за Центар“ алармира: Нов ДУП за Барутана носи ризик од ерозија на Водно

Tea Dimkovska

Пожар се шири на Исарот во Штип

Sonja Petrusevska

Со возило ја скршил влезната порта a потоа физички ја нападнал жена му – гостиварец дивеел во домот на родителите на неговата сопруга

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе