Министерот за транспорт Николовски се надева дека со прекројувањето на државната каса, неговата колешка, Кочоска ќе му даде повеќе пари. Деновиве ќе оди на преговори во финансии. Иако, е свесен дека глобалните економски текови го стегаат ременот за трошење, очекува поголемо парче од буџетската пита, односно дека во касата на транспорт и врски ќе се направи дотур на пари за реализација на проекти.
Секако, доколку има простор во буџетот ние со тимот во министерството сме спремни на консумираме поголем буџет, доколку за тоа има простор во буџетот. Доколку нема задоволни сме и со ова што го имаме. Но секако очекувам дека ќе има покачување, прашањето е само колку, а не дали,изјави министерот за транспорт и врски Александар Николовски
Поради ситуацијата на Блискиот исток која создаде трбуленции на пазарите и берзите, ребалансот И на домашниот буџетот се подготвува порано од вообичаеното.
Од бизнисот пак посочуваат дека компаниите се веќе исцрпени поради неизвесноста која ја наметнува овој конфликт. Сметаат дека државата треба да ги искористи сите механизми кои и се на располагање, затоа што ако продолжи инфлацијата да расте, состојбата ќе биде многу лоша.
Инфлацијата е најголемото зло што може да и се случи на една држава. Јас сум го поминал тоа и знам што значи. Таа ако дојде во нашето стопанство заради неговата структура ќе биде тешка катастрофа и тешки последици ќе остави. Мислам дека треба да направиме се сите надлежни институции да не дозволиме некакво ескалирање, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија.
Народната банка и Владата веќе излегоа со нови полоши прогнози за домашната економија. За годинава очекуваат повисока инфлација и помал раст. Сепак, според новата фискална стратегија на Владата за сега кај дефицитот нема корекции иако, најголем дел од минусот е истрошен во првите три месеци. Но, до крајот на годината ќе се види дали тука ќе има измени. Се очекува и поголем минус на тековната сметка да се одлеат 900 милиони евра.
Во меѓувреме во финансии почнаа да доаѓаат министрите на преговори за пари. Прагот прв го помина министерот за здравство Алиу. Денови ќе продолжат консултациите па ќе се види за што ќе има помалку, а за што повеќе средства.
Ирена Чачкова
