Вести Македонија Топ вести

Муцунски бара консензус за реформската агенда, Филипче бара уставни измени

Да се постигне консензус во Собранието околу реформската агенда, конкретно за Изборниот законик и правосудните реформи, апелираше денеска министерот за надворешни работи. Рече дека европската интеграција не може да биде успешна без сериозност, одговорност и минимум национален консензус околу најважните прашања. Во следниот период очекува историски највисока исплата на средства за државата во рамките на Планот за раст, но за тоа е потребно да се донесат законските измени за кои што е потребен консензус или двотретинско мнозинство.

„Не може секојдневно во форма на политичка парола да зборувате, Европа, Европа, Европа, а кога сте повикани да учествувате во работна група која треба да подготви европски закон, од реформската агенда, да велите „бојкотираме затоа што не ни се допаѓа премиерот“. Затоа треба да се повикаме на политичка одговорност, дали сакаме Европа во дела и насочена кон реформи или како форма на политичка флоскула на дневни прес-конференции“, рече Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

На прашањето, дали доколку СДСМ не дадат поддршка, ќе се обидат без консензус да ги донесат законите, како што направија со техничката влада, Муцунски рече дека размислуваат за начините, но Изборниот законик е еден од законите кои може да се блокираат со амандмани. Филипче денеска не одговори конкретно дали ќе се одлучат на таков чекор, доколку во Собранието стигне нов Изборен законик, подготвен без нив. За доцнењето со реформските закони ја обвини владата.

„Кој Тимчо Муцунски го бара тоа? – Тој што беше против Преспанскиот договор? – Што го бојкотираше референдумот? – Или овој што сега вика дека НАТО е добар? – Не сака Тимчо Муцунски реформи и Европа, ниту Христијан, ниту бандата и нека не мачкаат очи затоа што ќе одговараат“, одговори Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Опозициската СДСМ минатиот месец се повлече од работната група за Изборниот законик, како реакција на укинувањето на техничката влада без консензус со нив.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Стара куќа, обрасната со трева, или борова шума, ќе видиме што ќе биде приоритет

Sasko Dimovski

Судир на ставови за новата дозвола на „Титан УСЈЕ“ – граѓаните со критики, институциите во одбрана

Sasko Dimovski

Се прават пресеци, се гасне на земја и од воздух, една куќа во Бучиште изгоре, неколку се опожарени – беснеат пожари во Штип и Пробиштип

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе