Вести Македонија Топ вести

Коларевиќ за Телма: Пресвртот во истрагата за мазутот е сведочењето на ЕСМ дека нема штета

Пресвртот во истрагата за мазутот за таа да биде запрена, наместо да заврши со обвинение, се случил со сведочењето на претставници на ЕСМ на 4 март оваа година, кога тие изјавиле дека со зделките немало штета, туку била остварена корист и немало рестрикции на струја, потврди во телефонска изјава за Телма, обвинителката Катерина Коларевиќ која ја водеше истрагата против РКМ, нејзиниот сопственик Ратко Капушевски, Асмир Јахоски, екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и уште 10 други осомничени.

На сослушувањето тие рекле дека е испочитуван договорот и немало штета по што била донесена одлуката за отфрлање на кривичната пријава во чија основа беше дека штетата врз буџетот изнесува над 167 милиони евра,

За другиот сегмент од истрагата, обвинителката Коларевиќ за Телма изјави дека претставниците на ЕСМ, овластени од сегашниот директор, како и двајца претставници на ТЕЦ „Неготино“, овластени од актуелниот директор на централата, во обвинителството изјавиле дека постапките се спроведувале согласно правилата и немало проблеми во динамиката на испораката на мазутот, туку се испочитувал договорот. Сите записници биле испратени во правниот сектор на ЕСМ кое е оштетено правно лице според пријавата, ни рече Коларевиќ.

Пред два дена на брифингот со новинари за запирање на истрагата Коларевиќ изјави дека РКМ не давал лажни податоци.

„Сведоците од ЕСМ и ТЕЦ „Неготино“ изјавиле дека мазутот е потрошен таму и произведено е соодветно количество електрична енергија чија цена била пониска од пазарната цена на берзите. Поради тоа немало рестрикции и договорите биле во согласност и ги исполниле целите на прогласената енергетска криза“, рече Коларевиќ.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓаните револтирани од хаосот во Центарот за вработување во Тетово – со часови чекаат да аплицираат за мерките за вработување

Дејан Дејан

Новиот Изборен законик заглави без консензус: Се бара политички договор додека опозицијата најавува блокади

Дејан Дејан

Се комплетира владината реконструкција – Мицкоски ќе ја објави по партискиот Извршен комитет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе