Седумгодишна затворска казна денеска побараа француските обвинители за поранешниот претседател Никола Саркози, кој поднесе жалба на првостепената пресуда за примање нелегални прилози за претседателската кампања од покојниот либиски диктатор Моамер Гадафи.
Поранешниот франциски претседател е обвинет дека склучил таен договор со Гадафи пред претседателските избори во 2007 година за либискиот лидер да му помогне во финансирањето на неговата кампања.
За возврат, Саркози требало да му помогне на Гадафи да го обнови својот меѓународен имиџ откако Триполи беше обвинет за бомбардирање на авиони над Локерби, Шкотска, во 1988 година и над Нигер во 1989 година, во кои загинаа стотици патници.
Саркози, негира вина, велејки дека обвиненијата се политички мотивирани.
Тројцата обвинители што го водат случајот побараа од судиите да го прогласат Саркози за виновен по сите обвиненија, вклучувајќи корупција и нелегално финансирање на претседателската кандидатура во 2007 година, на која тој победи, објавува France24.
Обвинителите побараа седумгодишна затворска казна по обвинение за обид за добивање средства за кампања од Либија, како и за корупција, нелегално финансирање на кампањата и злоупотреба на либиските јавни средства.
