Единствено ургентно се бројките од фискалниот бројач на министерството за финансии поради што законот за задолжување кај меѓународните банки пристигна во собранието по скратена постапка, истакна Фатмир Битиќи, поранешен вицепремиер за економски прашања и актуелен пратеник на СДСМ, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Заклучно со 13.05., приходите на државата се 33,6 посто, расходите се 39,3 посто или разликата на приходи наспроти расходи е 5,52 посто. Или економистите би кажале ова е дефицитот, 5,52 посто во овој момент недостигаат пари во буџетот и затоа треба итно да се најдат пари за нешто да се направи“, посочи Битиќи.
С.Д.
