Вести Економија Најважни

За три месеци во Македонија купени недвижности во вредност од 275 милиони евра

Во првите три месеци во Македонија купени се недвижности во износ од 275 милиони евра, а напревени си закупи во износ од 1,1 милиони евра.

Споредено со претходниот квартал купопродажбите се намалени за 12,4 отсто а кај закупите забележано е намалување од 8,6 отсто, се наведува во извештајот на Агенцијата за катастар.

Во првиот квартал од годинава пазарот на недвижности бележи значителен пад.

Сепак, првиот квартал од годината традиционално се карактеризира со намалена активност на пазарот на недвижности, што е резултат на сезонски фактори, економски услови и одложени инвестициски одлуки,“ пишува во извештајот на Агенцијата за катастар.

Бројот на купопродажни договори и закупи во првотот тромесечје годинава споредено со четвртиот квартал од претходната година е намален за 16, 4 отсто. Тоа укажува на намалена пазарна активност се вели во извештајот на Катастар. Според податоците, бројот на продадени станови во првиот квaртал од годинава е намален за 27 проценти во однос на четвртиот квартал од минатата година, а нивната вкупна финансиска вредност е намалена за 23 отсто.

 

Во првиот квартал од годинава има намалување за 29 отсто и во делот на новоизградени станови од инвеститор во споредба со претходниот квартал.

Закупот на станови во првиот кваратал годинава исто така бележи пад и тоа од 47 отсто на бројот на станови и пад на вкупната месечна закупнина од 40 отсто.

Кај деловните простори во првиот квартал од годинава споредно со последниот квартал од претходната година има раст на бројот на закупи за 12 отсто.

А во овој период има зголемена побарувачка за изнајмување на гаражи, додека пак бројот на продадени гаражи е намален за 22 отсто.

Сепак, сумата која е дадена за закуп на гаражи во првите три месеци изнесува 3.400 евра.
Во однос на цените, општините Центар, Карпош и Аеродром и натаму предничат. Па така просечна цена на квадратен метар во Центар е 1.700 евра , во Карпош 1.450 евра а во Аеродром 1.400 евра.

Најскап стан во првите три месеци од годинава е продден во општина Кисела Вода, односно платени се 130.000 евра за 45 метри квадратни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

План за помали трошоци, поголема ефикасност и забрзана примена на АИ – „Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места

Sasko Dimovski

Над 1.700 загинати во земјотресите во Венецуела – бројот на жртви и натаму расте

Sasko Dimovski

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе