Вести Најважни Свет

Трамп објави мапа од Венецуела со американско знаме: „51. држава“

Mапа од Венецуела покриена со американско знаме, со кратката порака: „51. држава“, објави  американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Според американсите медиуми Трамп сериозно ја разгледува идејата за припојување на Венецуела кон Соединетите Американски Држави.

Планот на Трамп, вклучува целосно преземање контрола врз венецуелската нафтена индустрија, по соборувањето од власт на долгогодишниот претседател Николас Мадуро.Во неодамнешно телефонско интервју за Fox News, Трамп изјави дека Венецуела располага со нафтени резерви чија вредност се проценува на 40 билиони долари.

„Венецуела го сака Трамп“, изјавил американскиот претседател, додавајќи дека ужива силна поддршка кај населението во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Дејан Дејан

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Без согласност на СДСМ и Левица, власта ги поднесе измените на Изборниот законик – електронското гласање на дијаспората на гласање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе