Јавниот обвинител не може да спречи некого да му се јави телефонски, се вели во реакцијата на обвинителството на чи чело е Ненад Савески по реакциите во јавноста на изјавата на премиерот Мицкоски дека вчера теледонски разговарале за последната одлука на ОЈО ГОКК за запирање на постапката за мазутот за ТЕЦ „Неготино“.
„Вчера за првпат воопшто телефонски му се јави Претседателот на Владата на РСМ, но во разговорот во ниту еден момент не стана збор за детали од конкретен предмет, вклучително и за предметот за кој покажувате интерес. На прашање на Претседателот на Владата, во разговорот му беше кажано истото она што вчера беше јавно објавено од обвинителството во медиумите – дека предметот не е рефериран во републичкото обвинителство и дека државниот јавен обвинител за одлуката дозна по нејзиното донесување. Предметниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК одлучува самостојно. Имено согласно чл.3 од Законот за јавното обвинителство, обвинителството се организира според принципите на хиерархија и субординација, но почитувањето на овие принципи не смее да ја загрози самостојноста и одговорноста на секој јавен обвинител во вршењето на функцијата. Уставно загарантираната самостојност на Јавното обвинителство се обврзани да ја почитуваат сите“, соопштија од обвиниетелството.
