Вести Свет

Критична е состојбата на Французинка заразена со хантавирус

Во критична состојба е французинка која е  заразена за време на епидемијата на смртоносниот хантавирус на крузерот под Холандиско знаме.

Бројот на регистрирани случаи веќе достигна 11, од кои 9 се потврдени.

Тројца патници на крузерот „Хондиус“ починаа, вклучувајќи ја и холандската двојка за која здравствените власти веруваат дека била првата изложена на вирусот за време на посетата на Јужна Америка.

Француската патничка, хоспитализирана во Париз, страда од тешка форма на болеста која предизвикала животозагрозувачки проблеми со белите дробови и срцето, изјави долтор Ксавие Лекјур, специјалист по инфективни болести во болницата „Биша“.

Тој додаде дека жената е на апарат за одржување во живот кој ја испумпува крвта низ вештачки бел дроб, ја снабдува со кислород и ја враќа во телото.

Надежта е дека апаратот ќе го олесни притисокот врз белите дробови и срцето доволно за да им даде време да заздрават. Лекјур го нарече ова „последна фаза од лекувањето со одржување во живот“.

Откако евакуацијата на сите патници и многу членови на екипажот заврши, бродот „Хондиус“ се враќа во Холандија, каде што ќе биде исчистен и дезинфициран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

План за помали трошоци, поголема ефикасност и забрзана примена на АИ – „Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места

Sasko Dimovski

Над 1.700 загинати во земјотресите во Венецуела – бројот на жртви и натаму расте

Sasko Dimovski

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе