Министерот за правда Игор Филков побара одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут да биде итно преиспитана, а Советот на јавни обвинители да побара одговорност од шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази.
„Ова е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница.
Како министер за правда, сметам дека оваа одлука мора итно да биде преиспитана.
Очекувам целосна транспарентност од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и јасни одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена ваквата одлука. Истовремено очекувам Советот на јавни обвинители и надлежните институции да отворат прашање за одговорноста на Ислам Абази, затоа што ваквите одлуки директно ја рушат довербата на граѓаните во правосудниот систем“, пишува во реaкцијата на минстерот за правда Филков.
