Вести Свет Топ вести

Започна развој на нова вакцина за сојот на хантавирусот

Тим научници на британскиот универзитет Бат работи на развој на нова вакцина за справување со сој на хантавирусот. Иако во моментов не постои лек или вакцина, светската здравствена организација вели дека раното откривање и лекување ги подобруваат стапките на преживување. Последните патници и некои членови на екипажот го напуштија холандскиот крузер, откако се истоварија на Тенерифе. СЗО досега пријави вкупно девет случаи, седум потврдени и два сомнителни.

„Тоа е сосема нов антиген и сега е тестиран во лабораторија, а го тестиравме и на повеќе животински модели, покажува многу добра имуногеност против болестите предизвикани од хантан и се надеваме дека ова ќе биде добар антиген што ќе се користи за производство на идна вакцина против вирусот хантан“, рече Д-р Асел Сартбаева, хемичар, Универзитет во Бат и извршен директор на EnsiliTech.

Хантавирусите ги пренесуваат глодарите, а луѓето обично се заразуваат преку контакт со нивната урина, измет или плунка. Вирусот од Андите откриен во епидемијата на крстосувачот може да се шири меѓу луѓето во ретки случаи. Периодот на инкубација е помеѓу една до осум недели, а симптомите се  треска и болки во мускулите. Научниците објавуваат дека mRNA вакцината предизвикува имунолошки одговор на поинаков начин од традиционалните вакцини кои користат ослабена верзија на вирусот.

 „Не е базирано на вирус, туку е mRNA, конструкција, која е намерно дизајнирана да предизвика имунолошки одговор против хантан болести. Потоа се завиткува во липидната наночестичка за полесна испорака во телото. И потоа, очигледно, она што го правиме е да ставиме дополнителен заштитен слој врз ова“, рече д-р Асел Сартбаева, хемичар, ко-основач и извршен директор на EnsiliTech

Патниците од крузер погоден од смртоносна епидемија на хантавирус се враќаат дома во повеќе од 20 земји и се ставаат во карантин, вклучувајќи една Французинка и еден Американец кој е позитивен на тестот.  Пет австралиски државјани и еден од Нов Зеланд се транспортирани во Холандија, од каде по дводневната инкубација ќе летаат за Перт.

До сега тројца патници на крузер починаа, а има најмалку шест потврдени случаи. Според СЗО ризикот за пошироката јавност е низок.

Семејството хантавируси е именувано по реката Хантан во Кореја, каде што е откриен првиот. За време на Корејската војна во 1950-тите, 3.000 војници заболеле од корејска хеморагична треска, а починале 190. Самиот вирус бил идентификуван дури после 20 години.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Украина може на долг рок да ја надмине Русија во производството на високотехнолошко оружје

Дејан Дејан

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош

Дејан Дејан

Трамп од планината Рашмор ги предупреди Американците на „комунистичката“ опасност за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе