Вести Економија Топ вести

Стопанските комори посакуваат трговска размена од милијарди меѓу Македонија и Албанија

Трговската размена меѓу Македонија и Албанија минатата година била 180 милиони евра, но имајќи ја предвид поврзаноста на двете држави, таа треба да стигне до една милијарда евра, порачаа учесниците на македонско-албанскиот бизнис форум.

Заклучокот е дека, двете држави засега не успеваат да го искористат потенцијалот.

За министерот за транспорт и врски, е чудно што трговски партнер број 1 на Македонија е Германија, на второ место е Велика Британија, а со соседите соработката е слаба и затоа порачува дека е потребна промена во менталитетот и поголема соработка меѓу стопанските комори.

  • Ако нешто е произведено во Македонија или во Албанија, а ги има сите потребни стандарди, зашто веќе светот или барем овој развиен дел од светот јасно се стандардизираше, тогаш не гледам зошто размената да не е тука и да очекуваме истото да го добиеме од некоја друга држава за два, три или четири пати повисока цена. Да продаваме домашни или локални производи и размената да е во таа насока. Нашата задача, на двете влади и на бизнисмените, размената да биде во милијарди, а не во стотици милиони евра. Тоа е потенцијал што двете држави го имаат – порача Александар Николоски, министер за транспорт и врски.

Николоски информираше дека владата вложила 2 милијарди и 100 милиони евра за Коридорот 8 и објасни како тој напредува по фази.

Претседателот на Стопанската комора, пак,  порача дека инфраструктура, извоз и инвестиции се магични зборови за напредок на една држава и тие треба да бидат како „оче наш„ за секоја влада.

Стопанствениците сметаат дека е важно да се отворат коридори за сите земји што немаат море, да се укинат царинските бариери, а Драч да стане алтернатива за солунското пристаниште.

  • Срам да им е на бизнисмените, криминалците се пред нас. Да се обединиме, да ги затвориме дупките и да ги искористиме потенцијалите за јакнење на соработката, за зголемување на трговијата и размената – нагласи Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија.

Албанскиот амбасадор, пак, порача дека Коридор 8 ги става двете земји во срцето на новата европска архитектура и нуди заеднички потенцијал за инвестиции, енергија и туризам.

  • Коридорот 8 е стратешки проект кој ги става нашите земји во европската транспортна архитектура. Патот кон просперитетот е повеќе доверба, повеќе инвестиции, енергија, заеднички проекти,… Албанија ја гледа Македонија како природен партнер. Работа на избор е дали ќе останеме на периферија или ќе бидеме дел од современите текови и ќе градиме добро соседство – рече Денион Мајдани, амбасадор на Албанија во Македонија.

На овој форум се очекува да се склучат и договори за соработка во туризмот и инвестициите. Следната ваква средба е најавена за во Тирана.

Далиборка Демјанска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Украина може на долг рок да ја надмине Русија во производството на високотехнолошко оружје

Дејан Дејан

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош

Дејан Дејан

Трамп од планината Рашмор ги предупреди Американците на „комунистичката“ опасност за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе